Милошоски: Граѓаните на Македонија знаат кој работи за оваа држава и кој се грижи еднакво за сите

Едно име,  една партија, една победничка коалиција број еден за ВМРО-ДПМЕН  и за голема победа во Република Македонија. Овој пат имаме избор помеѓу нешто што е видено и подобро и нешто што исто така е видено и дестуктивно. Овој пат треба да размислиме, затоа што изборот овој пат не е само политички и партиски се гласа за секој за себе, за своите семејства, за државата, за економијата, за општините, за стабилноста, се гласа за тие луѓе кои покажаа дека и во кризно време знаат да бидат стабилни, да ја водат државата и да отворат нови работни места изјави Антонио Милошоски носителот на листата во ИЕ 5.

-Ќе гласате овој пат за кандидати за пратеници кои што ги познавате лично. Кои што се ваши пријатели, од Охрид, од Струга, од Кичево, од Битола од Ресен од Долнени од Центар Жупа, од Дебарца, за сите од 5-тата изборна единица, да си ја вратиме победата од 2014 година со 200.000 гласови разлика, на живи луѓе на гласачи на поддржувачи на Македонци, на Турци, на Бошнњаци, на Роми, на Власи и на нашите сограѓани Албанци. Патиштата кои што ги градиме ги градиме за сите, субвенциите кои што ги доделуваме ги доделуваме за сите, инвестициите кои ги носиме ги носиме за сите,  затоа почитувани дозволете да кажам една порака за нашите сограѓани Албанци: Господинот Заев неколку години, 10 години не успева да ги излаже Македонците и затоа сега се обидува да ги излаже и Албанците не е проблемот што тој многу ветува, проблемот е што тој многу  лаже, кој не го знае скапо ќе го плати на 11 декември или и порано ќе го дознаети и вие. Затоа граѓаните на Македонија знаат кој работи за оваа држава и кој се грижи еднакво за сите, изјави Милошоски.

Тој посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ е партијата која се соочува со голем товар од минатото како што се затворените фабрики, армијата на невработени, неизградени патишта, а народот знае кој е тој што отвори нови работни места, отвори нови фабрики и која е иднината на оваа земја, посочи Милошоски.

-Имаме многу што да збориме но најмногу што имаме е довербата на луѓето и во иднина ќе работиме за граѓаните на Македонија, а пред се со нивната доверба.  Охрид, струга, Преспа и Крушево и сите во изборната еденица број 5 треба да знаат дека ќе имаат поддрша за туризмот и во иднина. Кога сме кај патиштата не знам кога последен пат тука се изградил пат, но знам дека овде на изборната кампања во 2014 година го ветивме почетокот и изградбата на автопатот Охрид-Кичево, а нашите проекти се видливи со голо око. На 11 декември ќе славиме за напредна економија, доствоинствен живот, истакна Милошоски.