По повод барањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев, за одложување на предвремените парламентарни избори во Македонија, што согласно Договорот од Пржино беа договорени за 24-ти април се огласи и пратеникот и член на ИК на ВМРО – ДПМНЕ Антонио Милошоски.
Милошоски на својот Фејсбук профил напиша:
Година и кусур Зоран Заев ја држи цела Македонија во тензија, не ја признава изборната народна волја и бара предвремени избори.
За да се надмине кризата за доброто на државата, му се попушти и заеднички беа договорени избори на 24.Април 2016-та.
Повеќе нема – изнудените изборите се договорени на 24-ти Април – за друг датум, одлагање и со тоа продолжување на кризата во земјава, јас како пратеник во Собранието, нема да гласам!