Милошоски: Изборот на замениците министри е доказ дека СДСМ нема намера да дебатира за ништо!

Ние бараме дебата и време за да можеме да разговараме за овие предложени решенија. Само во итни случаи може рокот од 10 дена да биде пократок. Овде немаме итен случај туку имаме еден ден во кој што ќе се тестира дали новата Влада и вие како пратеник сте подемократи од она што го критикувавте како режим“, со овие зборови процедурално се обрати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, до Талат Џафери.

На денешната седница каде што на дневен ред се наоѓа точката за избор на заменици министри во новата влада, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на обидот на СДСМ набрзина да ги протнат и да избегнат дебата во Собранието за предложените решенија за заменици министри.

Во таа насока, Милошоски реагираше до пратеникот  Џафери и го образложи членот 68 од Деловникот за работа на Собранието и уште еднаш повтори дека свесно се избегнува дебата и се крши Деловникот и членот 68 од Деловникот кој јасно вели дека материјали за седница до пратениците се доставуваат најмалку 10 дена пред одржувањето на седницата.

„Во членот 68 од Деловникот пишува, решението за свикување на седница на Собранието со предлог на дневен ред и материјали по прашања што се предлагаат за дневен ред на седницата на пратениците им се доставуваат најмалку 10 работни дена пред денот определен за одржување на седницата“, посочи  Милошоски.