петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Милошоски: Ќе продолжиме да се бориме за отворање на нови работни места

Се надеваме во оваа изборна кампања дека нема националните и државните интереси, двојазичноста, федерализација или други ризични работи да бидат употребувани како алатка за некој да дојде на власт, посочува Милошоски.

antonio-milososki

Последни вести

ВМРО-ДПМНЕ преку своите високи функционери, започна со интензивни средби со граѓаните низ Македонија, со цел размена на идеи и предлози кои би биле дел од изборната програма за претстојните избори.

Денеска во Битола е Антонио Милошоски кој оствари средби и разговори со битолчани каде стана збор за проблемите и предизвиците кои ги засегаат граѓаните, како и за тековните и идните проекти на партијата.

„Во 2006 година во заводот за вработување во Битола имаше регистрирано 28.000 вработени лица, додека пак сегашната бројка во 2016 година изнесува 34.000 вработени. Бројот на вработени лица е пораснат а тоа е доказ дека и во иднина ќе продолжиме да се бориме за отворање на нови работни места“, рече Милошоски.

Додаде дека се задоволни од последниот извештај на Дуинг Бизнис, каде Македонија е рангирана на 10-то место во светот за водење на бизнис. Треба да се натпреваруваме кој ќе направи повеќе за државата на економски план и додаде дека е добро овој извештај да го пофали и опозицијата.

„Се надеваме во оваа изборна кампања дека нема националните и државните интереси, двојазичноста, федерализација или други ризични работи да бидат употребувани како алатка за некој да дојде на власт“, заклучи Милошоски.

Најчитани вести