Милошоски: На 5-ти јуни Заев и СДСМ ќе видат дека во Македонија не одлучуваат фантомски гласачи, туку народот

Тоа што треба да го знае Зоран Заев и неговите соработници е дека и покрај ваквите обиди да се создаде алиби за неодржување на предвремените избори што токму СДСМ ги бараше, избори на 5ти јуни сепак ќе има, државата неможе да биде држена во заложништво, и СДСМ била спремна или небила спремна ќе мора да се соочи со изборната воља на гласачите во Република Македонија. Тогаш и Зоран Заев и СДСМ ќе видат дека во Република Македонија не одлучуваат фантомски гласачи туку дека одлучува постоечкиот народ.

Ова го порача на денешната прес конференција членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Интегрален текст од прес-конференцијата:

Денешната прес конференција се однесува на последната одлука на ДИК и однесувањето на СДСМ во ДИК.

Ако до вчера СДСМ со своето однеување се обидуваше да најде алиби за претходните девет изборни порази сега СДСМ со своето однеување во ДИК очигледно е дека се обидува да најде алиби за претстојниот изборен пораз на нивната партија.

Двоецот Заев и Шекеринска очигледно е дека се уплашени од претстојните избори на 5 јуни. Изборната волја која што ќе ја изразат гласачите, избирачите, граѓаните на Република Македонија тие ја нарекуваат изборна волја на фантомски гласачи. Измислуваат и не се постојани дури и во измислените бројки дека постојат 100 000, 200 000 или 500 000 фантомски гласачи како Република Македонија првпат во својата историја да одржува избори и како во Република Македонија за првпат, а не десет пати до сега претставник на опозицијата да е претседател на ДИК.

Со ваквите тврдења ДИК односно претставниците на СДСМ во ДИК ги омаловажија претставниците на сите други избирачки одбори вклучително и нивните партиски претставници во избирачките одбори кои секоја година и секој изборен циклус го контролираат и проверуваат избирачкиот список и секој излезен гласач на избори. Пред неколку месеци СДСМ почна да ја манипулира јавноста со измислување на фантоми само да ги оправда катастрофалните изборни порази. За фантоми беа прогласувани жителите на Брвеница, за фантомски гласачи беа прогласувани жителите на Битола, жителите на Штип, гласачите од Велес, гласачите од Гевгелија.

Чудно е зошто СДСМ и господинот Заев не видоа фантомски гласачи во Струмица, во Центар, во Куманово и зошто не видоа фантомски гласачи 2002, 2004, 2006, 2008 година. СДСМ очигледно е дека е уморен од извборните порази, а Република Македонија и граѓаните на Република Македонија се уморни од однесувањето на СДСМ и држењето на ваква една тензија каде што главен заложник на вавкото политичко деструктивно однесување на СДСМ е самата држава, спокојството на граѓаните, економскиот развој и ефикасноста на државните институции.

За да не се стекне погрешен впечаток дека има било какво влијание или наметнување на одлуките на ДИК, ВМРО ДПМНЕ во ДИК го покажа својот принципиелен став, а тоа е дека подржуваме секаква и во секое време проверка на избирачкиот список, се со цел СДСМ да биде уверен во избирачкиот список, спокоен дека гласачите се вистински и не се фантоми и да биде спремен да го признае следниот изборен пораз. Доколку е неопходно рековме дека и нашите два члена во ДИК немора и да гласаат ако тоа му пречи на СДСМ во однос на нивната желба за проверка на избирачкиот список, со најновата одлука на ДИК бројот на теренски проверки кои треба да бидат извршени изнесува околу 110,000.

Со најновата одлука на државната изборна комисија бројот на теренски проверки кои треба да бидат извршени изнесува околу 110 000, тоа значи 100 000 контроли на домови тоа значи 100 000 пати СДСМ ќе се обиде да потврди дека постоечките гласачи во нашата сопствена држава не се вистински гласачи туку дека се фантоми, но самите ќе се уверат и раководството на СДСМ и нивните представници во ДИК дека во оваа држава живеат граѓани, во свои домови, на свои адреси со свои лични карти и дека тие граѓани имаат право не да бидат малтретирани од некоја политичка партија туку имаат право да го дадат својот глас на изборите за политичката партија на која што и веруваат. Станува збор за од прилика 15 000 адреси кои ќе требаат да се контролираат, и државната изборна комисија има капацитет и може да ги изврши овие проверки со помош на МВР во предвидениот рок.

Тоа што треба да го знае Зоран Заев и неговите соработници е дека и покрај ваквите обиди да се создаде алиби за неодржување на предвремените избори што токму СДСМ ги бараше, избори на 5ти јуни сепак ќе има, државата неможе да биде држена во заложништво, и СДСМ била спремна или небила спремна ќе мора да се соочи со изборната воља на гласачите во Република Македонија. Тогаш и Зоран Заев и СДСМ ќе видат дека во република Македонија не одлучуваат фантомски гласачи туку дека одлучува постоечкиот народ. Ќе видат дека одлучуваат граѓаните истите оние кои Зоран Заев и СДСМ ги прогласуваат за фантоми. На 5ти Јуни СДСМ ќе може и непосредно да се увери дека половина милион граѓани кои што СДСМ и господинот Заев ги прогласија за фантомски гласачи се вистински и постоечки луѓе кои што имаат своја изборна воља и право на политички избор во Република Македонија. Во Република Македонија на 5ти јуни ќе се одржат избори, демократски мирни достоинствени, такви какви што доликуваат на совеста на граѓаните на Република Македонија, и на 5ти јуни граѓаните повторно ќе имаат можност да се определат за една деструктивна политика каква што очигледно ја нуди господинот Заев или се за програма за отчет и за реформи, странски инвестиции каква што нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.