Милошоски: Народот ќе гласа за стабилна, унитарна и економски напредна Македонија

Стабилна Македонија, унитарна, со еден официјален јазик, политичка стабилност и желба и план за економски напредок. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ ќе извојуваат извесна и уверлива победа на престојните парламентарни избори, порача денеска од Охрид Антонио Милошоски, носител на кандидатската листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ во петтата изборна единица.

-После две години политичка криза, за два дена ќе имаме можност да ја решиме таа криза, со достоинствени и мирни избори и почитување на волјата на народот. Работевме и ќе работиме во интерес на сите граѓани. Досега зборуваа политичарите, в недела ќе го имаме гласот на народот, тој одлучува за Република Македонија. Да имаме 63 пратеници, во стабилно собрание и да продолжиме со конретни проекти во интерес на сите, посочи Милошоски на последниот ден од изборната кампања.