вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 64

Милошоски: Народот ќе застане во одбрана на Уставот и унитарноста на Република Македонија

Членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денес оствари средба со битолчани.

милошоски

Поврзани вести

-До 11 декември ќе ги слушате политичарите, на 11 декември ќе го слушнеме гласот на народот и ние сме сигурни дека народот ќе си го каже своето, дека ќе застане во одбрана на Уставот на Република Македонија, на унитарноста на нашата држава без да даде можност на било кој политичар да ја редефинира или да се поткусурува со националните интереси на Македонија, а за сметка на доаѓањето на власт или некакви лични амбиции, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Милошоски посочи дека истовремено оваа изборна кампања треба да биде на едно од највисоките нивоа, демократска, отворена, транспаретна, фер, со почитување на сите политички соперници.

-Овој пат нема да допуштиме на било кој да даде било какви изговори за бегање од изборите или за наоѓање изговори за непризнавање на изборниот резултат. Бидејќи се работи за Македонија, за државниот интерес, за потребите на граѓаните кои сакаат инвестиции, нови проекти, патишта, образование, а не сакаат шпионирање и тргување со националните интереси, потенцираше Милошоски.

Најчитани вести