Македонија

Милошоски: Односот на Хан е навредлив, но тоа можеби е некоја неслучајна порака

Милошоски: Односот на Хан е навредлив, но тоа можеби е некоја неслучајна порака

Поранешниот министер за надворешни работи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕАнтонио Милошоски во гостувањето во вестите на телевизијата Алфа рече дека од првиот престој на Зоран Заев во Брисел во понеделникот, може да се заклучи дека земјата до денес не ги почнала преговорите со Европската унија и не е членка на НАТО само поради наметнатиот спор од Грција кон Република Македонија.

„Сите други изговори за реформи во судство, за образованието, за инфраструктура, за државна администрација се споредни изговори по однос на суштинското прашање деке поради нашето опстојување на ставот, суверена држава суверено да си го одбере своето име како белег, е единствната пречка што Атина ја искористила за да стави блокада. На судот во Хаг тоа го докажавме од 2008 до 2011 година“, истакна Милошоски.

Додаде дека гледа навредлив однос од висок функционер во Европската комисија, комеарот за проширување и соседска политика на ЕУ, Јоханес Хан.

„Тој не ја употребува ниту целата референца поранешна југословенска Република Македонија, туку вели ФИРОМ. Акронимот е многу понавредлив дури и од целосната референца, бидејќи во целосната референца вие го имате во вториот дел Република Македонија, а во ФИРОМ го немате и сте омаловажени“, посочи поранешниот шеф на македонската дипломатија.

Според него, можеби станува збор за некоја неслучајна порака којашто траба да се упати.

„Можеби е токму тоа ветување дадено од Заев, дека тој би се согласил, ако добие покана под акронимот ФИРОМ, навредлив за сите граѓани на Република Македонија, особено за Македонците, дека тој би бил расположен да игра на таа карта“, истакна Милошоски.

„И третата забелешка се ставовите од Атина. Ние гледаме дека таму има и леви политичари и десни, и Сириза како нова партија и ПАСОК како поранешна и Неа Демократија како политичка алтернатива којашто веројатно ќе биде следната власт. Имаат многу разлики меѓу себе, но имаат една национална црвена грчка линија којашто вели дека додека не се реши ова прашање, тие нема да ја кренат рампата за каков и да исчекор на Македонија во евроатлантските интеграции и ние можеме на Грција да ѝ се лутиме колку и да сакаме, тоа не е фер однос и ВМРО-ДПМНЕ укажуваше на тоа долго време, но може и нешто да научиме, дека во Македонија тоа што недостига е националното единство по националните прашања“, порача Милошоски.