Милошоски: Отсуството на СДСМ е отсуство на минимум политичка култура

Отуството на СДСМ и ДУИ од седницата на која што се обраќаше претседалот Иванов, го цениме како отстуство на капацитет за политички дијалог и како отсуство на минимум политичка култура пред државните институции, истакна на денешната прес конференција членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Молошоски.

Интегрален текст од изјавата на Милошоски:

По однос на годишното обраќање на претседателот Ѓорѓе Иванов пред Собранието на Република Македонија. Ќе истакнам  една работа, а тоа е дека како претставник на државата, претседателот Иванов има ставови кои што ги застапува во континуитет без разлика на дневно политичките превирања во Република Македонија и сметам дека таквото држење до своите ставови и принципи, а не поведување по дневно политичките случувања е добра одлика за еден политичар кој што треба да ја претставува државата во име на сите граѓани.

Отуството на СДСМ и ДУИ од седницата на која што се обраќаше претседалот Иванов, го цениме како отстуство на капацитет за политички дијалог и како отсуство на минимум политичка култура пред државните институции.

По однос на оние работи кои што ги истакна претседателот Иванов би сакал да потенцирам две работи, едната поврзана со безбедноста на Република Македонија, а тоа беше неговата наредба како врховен командант за вклучување на Армијата на Република Македонија во заштита на јужната граница соочени со феноменот и предизвикот нарече бегалска и мигрантска криза и нивното обезбедување на границата како и со физичко присуство, така и со поставување на одредени времени бариери.

Втората работа која што сметам дека е од меѓународно значење, но важно за Република Македонија е тоа што претседателот Иванов и покрај повеќето обиди и притисоци од страна на одредени меѓународни фактори сепак го одби барањето Република Македонија да биде бегалски камп за 20, 30 или повеќе илјади бегалци и мигранти кои што нашата земја не ја гледаат како целна држава, туку држеше до својот принцип дека Република Македонија е само транзит држава која што може да ги понуди своите добри услуги, своето внимание, дури и нашите буџетски ресурси бидејќи дел од тие работи се на трошок на Република Македонија, но ништо повеќе од тоа не треба и не би требало во иднина да биде прифатено од страна на Република Македонија.

Го цениме овој негов доследен став како принципиелен и сметаме дека истиот треба да продолжи да го застапува пред сите соговорници од страна на Европската Унија и другите релевантни фактори.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.