Милошоски: Има политички партии кои што немаат доверба во сопствените капацитети

Има одредени политички партии кои што немаат доверба во сопствените капацитети, излегуваат со некои произволни и неиздржливи решенија.

Пратеникот Антонио Милошоски, кој е дел од работните групи на ВМРО-ДПМНЕ, во дневникот на Канал 5 говореше за тоа како течат преговорите и која партија, како што изјави лидерот на СДСМ Заев, ги одолговлекува одлуките и зацртаниот план од Пржино.

Сметам дека има одредени политички партии кои што немаат доверба во сопствените капацитети, излегуваат со некои произволни и неиздржливи решенија. Поради тоа некогаш се наоѓаме во цајтнот за превземените договорени обврски., па мораме во последен момент да одлучуваме. Како што беше случајот со Специјалниот јавен обвинител, истакна Милошоски.

Целиот разговор погледнете го во видеото во продолжение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.