Милошоски: По предупредувањето од колега од СДСМ дека многу зборувам, отворена истрага од СЈО за мене

-СЈО продолжува со нарачаниот притисок врз неистомисленици на Аболицираниот. После моите настапи на Топ Тема контра Оливер С. и во Собранието против Заев,
– прво стигна предупредување од пратеник од СДСМ дека многу зборам,
– а сега и истрага од Катица Јанева, која ги бара моите авиони и фирми кои ги немам!
Само продолжете, нема да не’ замолчите!, пишува Милошоски на Фејсбук.

antonio milososki dokument sjo

antonio milososki dokument sjo1

Во петокот Милошоски на Фејсбук информираше дека добил закана од колега од СДСМ – доколку не престане да го критикува Заев ќе заработи обвинение од Специјалното јавно обвинителство.

-После настапот на ТВ Телма 📺 со Талат и Оливер С., и после дискусиите во Собрание деновиве, ми приоѓа еден колега од СДСМ и ми вика “ако продолжиш вака да го напаѓаш Заев, по телевизииве и на говорница не ти бега обвинение од СЈО; колку да си знаеш!” Му кажав и нему, ќе Ви кажам и Вам, бујрум и за Заев и за СЈО, јас ќе продолжам. Подобро да бидам обвинет заради родољубие 🇲🇰, отколку да бидам награден за велепредавство, напиша во петокот Милошоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.