Милошоски: Победата на коалицијата „За подобра Македонија“ ќе биде убедлива

Носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ Антонио Милошоски за време на денешните средби со битолчани на Широк Сокак истакна дека победата е извесна и повика на масовно учество и гласање на претстојните вонредни парламентарни избори.

– Чувствуваме, а такви информации и добиваме од терен, од граѓаните, дека победата на коалицијата „За подобра Македонија“ е извесна и ќе биде убедлива. Сакам да ги поканам сите и определени и неопределени да ни се придружат на 11 декември на мирни и достоиинствени избори, да се гласа со голема масовност, да се гласа за стабилна економија, за стабилно здравство и за напредно земјоделство, за повеќе странски инвестиции, за повеќе инвестиции во спортот, културата и инфраструктурата. Да имаме 63 пратеници за стабилно Собрание, да заврши оваа политичка криза и Македонија да продолжи да чекори напред и сите да работиме во интерес на граѓаните, рече Милошоски.