Милошоски: СДСМ произведува афери, ВМРО-ДПМНЕ остварува реални проекти

Додека СДСМ произведува лажни и фабрикувани афери, ВМРО-ДПМНЕ остварува реални проекти од кои добробит имаат сите граѓани, истакна пратеникот и член на Извршниот Комитет, Антонио Милошоски на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово, која се одржа во рамки на проектот „На Македонија и треба твојата идеја“.

Мисајловски: Се гради над 155 километри нова автопатска мрежа

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски рече дека во моментот се гради над 155 километри нова автопатска мрежа.

Мисајловски: Се гради над 155 километри нова автопатска мрежа
Мисајловски: Се гради над 155 километри нова автопатска мрежа

Градиме нов автопат од Миладиновци до Штип. Догодина ќе се градат шет експресни патишта. Станува збор за патот од Штип до Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и Охрид – Пештани.. Го градиме патот од Велес до Кадрифаково. Нна запад градиме нов автопат од Кичево до Охрид, најзначајната инвестиција од тој регион. Планираме да започнеме да го градиме автопатот од Гостивар до Кичево. Во овој регион го градиме автопатот од Демир Капија до Смоквица, отпочнавме со реконструкција на автопатот од Смоквица до Гевгелија, инвестиција од 4 милиони евра, рече министерот Мисајловски.

Тој нагласи дека исто така на Коридорот 10 го рехабилитираат автопатот од Велес до Катланово, а набрзо ќе започне и рехабилитацијата на делницата од Куманово до Скопје.

Градиме пруга кон Бугарија, градиме пруга кон Грција, проектираме пруга кон Албанија. Купивме нови патнички возови и 150 товарни вагони, вкупна инвестиција од над 500 милиони евра.  Донесовме измени во законот за легализација со кои ги продолжувме роковите за легализација, рече Мисајловски.

Министерот нагласи дека  исто така понудиле и проекти за типски куќи со кои бесплатно даваат проект за сите што сакаат да изградат куќи, така што субвенционираат од 900 до 2.500 евра

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.