Милошоски: СДСМ секогаш тргувал со националните интереси

Тој на пратеникот на ДУИ Џеват Адеми му кажа дека тие не плачеле по странски амабасади од 2006 до 2008 година, повикувајќи се на гласот на Албанците.

-Во 2008 кога имавме разговори со некои претставници од ДУИ, бидејќи не ги познававме доволно добро, со кого треба да се прави коалиција, едно од нашите прашања беше дали сте нешто должни кај господинот Црвенковски, затоа што не сме сигурни, ако со вас бидеме во коалиција, ако имате нерасчистени долгови еден кон друг, дали ќе бидеме лојален коалиционен партнер или довербата е на друга страна. Еден ваш колега , поранешен пратеник ни кажа со Бранко Црвенковски не сме ништо должни, затоа што ние сме виделе како функционира СДСМ, ако им дадеме што сакаат, ќе ти дадат што сакаш. Бранко Црвенковски ни побара поддршка за да биде 5 години претседател, ние му побаравме Кичево, Струга, Долнени и Скопје двојазични, тоа е договорот меѓу СДСМ и ДУИ за територијалната реорганизација, која што нема никаква врска со географија, со стопанство, со економски развој или со желба на граѓаните од овие општини, изјави Милошоски.

Тој кажа дека тоа е етничката политика во Република Македонија која што денес сака да се сокрие зад фасадата на граѓанска. Милошоски уште и  праша која е цената која денеска треба да се плати за СДСМ да биде на власт.

-За Црвенковски цената која што требаше да ја плати, беа Струга Кичево и Скопје да бидат продадени. Народот го интересира која е цената денес што СДСМ треба да ја плати, дали е платформата од Тирана, за да може партијата што ги изгубила изборите да биде владејачка партија, праша Милошоски.

Милошоски го обвини Адеми и дека за неуспесите на градоначалницте од ДУИ, во Чаир, Тетово, Липково, нивните одговори биле дека ВМРО-ДПМНЕ не им дал. Тој напомена дека тие за нивната неспособност се ваделе на некое несогласување со ВМРО-ДПМНЕ.