Милошоски: Средба Ципрас- Заев утре или во петок

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски не сакаше да го коментар статусот на Фејсбук на Антонио Милошоски од ВМРО -ДПМНЕ, кој објави дека Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се сретнат во четврток или петок и ќе го потпишат договорот за промена на името..

Имаме официјална прес-конференција во Владата на РМ. Не си дозволувале да коментираме неофицијални информации без разлика од какви извори доаѓаат, се додека немаат кредибилитет и легитимитет. Владата останува на претходно кажаните ставови дека не навлегува во сферите на шпекулациите. Сметаме дека ова прашање е исклучително важно и тоа што претходно го најави премиерот останува како владин став и денеска, рече владиниот портпарол.

Поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, врз основа на свои дипломатски извори, најави дека овој четврток или петок двајцата премиери ќе се сретнат во Мала Преспа во Грција и ќе го потпишат договорот. Главен координатор на настанот, според него, ќе биде советникот на премиерот, Бојан Маричиќ.