Милошоски: Стружани ги чувствуваат последиците од погубните политики на СДСМ со територијалната поделба

На ВМРО-ДПМНЕ му се неопходни 63 пратеници за стабилна влада и одбрана на унитарноста на државата, порача вчера од Струга, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

antonio-milososki

Тој истакна дека стружани веќе ги чувствуваат последиците од погубните политики на СДСМ со територијалната поделба од 2004 година кога го обезвластија сопствениот народ во пазарењето на сопствените интереси.

antonio-struga

Милошоски ги посети и жителите на општина Центар Жупа кои изразија благодарност до владата на ВМРО-ДПМНЕ за новиот пат Дебар-Центар Жупа како и за новата спортска сала во изградба.

Тие истакнаа дека овие инвестиции се направени после неколку децении запоставеност на овој регион.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.