Милошоски: Владеењето без изборна победа секогаш е пократко од очекуваното

„Оние коишто сега се на власт веројатно презеле некакви обврски да испорачаат кон факторите коишто им помогнале да бидат владејачка коалиција, но ние тука сме прилично решителни, будни и цврсти за да не дозволиме да се направи било каков чекор што би бил на штета на интересите на Република Македонија“, вели Милошоски.

Тој додаде дека на претстојните локални избори, ВМРО-ДПМНЕ смета дека ќе биде политичка партија со најголем број на освоени гласови, советници и градоначалници во Р. Македонија.

„Тоа се надеваме дека ќе создаде дополнителна атмосфера за ревидирање на довербата кон извршната власт и закажување на нови предвремени парламентарни избори“, рече Милошоски.

Ако нешто е поволно за ВМРО-ДПМНЕ и за јавноста од посетата на Заев на Брисел, е фактот што нему му беше упатена јасна порака: Решете го името и ќе ги отпочнете преговорите за членство, додаде Милошоски.

-Тука паѓаат во вода сите обвинувања дека ВМРО-ДПМНЕ била автократија, дека се работи за режим, за неуспешни реформи, за недостаток на слобода на медиумите, за невладеење на правото… Тоа беа сѐ споредни изговори коишто се товареа на грбот на ВМРО-ДПМНЕ, а сите гледаме дека суштинската пречка да продолжи евроатлантскиот пат е блокадата од Атина, којашто е неоправдана и е поврзана со нивниот проблем со нашето уставно име, вели Милошоски.

Целосниот разговор со Антонио Милошоски можете да го погледнете подолу.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.