понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 13

Милошоски: ВМРО ДПМНЕ ќе настапи со проекти и нови вработувања, а од СДСМ очекуваме распродажба националните интереси

Следниов период, очекуваме една изборна кампања во која што две политички опции ќе имаат различен настап, ВМРО ДПМНЕ ќе настапува со проекти, со програми, со економија, со нови вработувања како крајна цел, додека партијата која што се труди десет години да ја преземе власта без волјата на народот, очекуваме да настапува со одредени шпекулации или со нудење на двојазичност и распродажба на други државни национални интереси, смета Милошоски.

milosoki

Поврзани вести

Антонио Милошоски денеска е во посета на Охрид каде се сретна и ги слушна идеите на охриѓани.

На овие средби кои ги остваруваат високите функционери на ВМРО-ДПМНЕ, се собираат идеи и предлози од граѓаните се со цел истите да станат дел од изборната програма на партијата за претстојните избори.

-Она што досега имаме да го кажеме е дека успеваме полека но сигурно да го намалуваме бројот на невработени лица, и да го зголемуваме бројот на вработувања во охридската општина, за што до одредена мерка заслужни се и двете странски инвестиции ОДВ Електрик и Костал кои што секој месец имаат по повеќе вработени луѓе и во следниов период очекуваме да се случи уште една странска инвестиција во Охрид за кое што име не би говорел, но самата компанија кога ќе ја донесе таа одлука мислиме дека ќе ја обзнани, на задоволство на сите граѓани. И на крајот тоа што сакам да го споменам е дека во следниов период, очекуваме една изборна кампања во која што две политички опции ќе имаат различен настап, ВМРО ДПМНЕ ќе настапува со проекти, со програми, со економија, со нови вработувања како крајна цел, додека партијата која што се труди десет години да ја преземе власта без волјата на народот, очекуваме да настапува со одредени шпекулации или со нудење на двојазичност и распродажба на други државни национални интереси, како можност да се дограбат до власта која што им е крајна цел, изјави Антонио Милошоски од ВМРО ДПМНЕ.

Најчитани вести