сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 0

Милошоски: Во 1903 во Крушево се удрија темелите на Република Македонија, во 2016 тука ќе ја одбраниме самостојна и суверена

Во 1903 во Крушево се удрија темелите на Република Македонија, а во 2016 година во Крушево ќе ја одбраниме самостојна и суверена Република Македонија, победуваме со 63 пратеника и ние сме на вистинската страна, изјави Антонио Милошоски носител на ИЕ 5, вечерва во Крушево.

antonio

Поврзани вести

-Овој пат бидете сигурни и да знаете дека пред нас се само два дена, издржавме две години, сите граѓани беа нервозни и беа во грч и тоа само поради едни исти кои фрлаа со боја по сите институции во Скопје, а сега сакаат и да го поделат народот. Во Крушево нема ниту еден Македонец, Тучин, Албанец, Влав на кои СДСМ им помогнала без разлика дали се работи за покачување на пензиите, платите, прашајте некој дали се сеќава и дали инвестирале во образованието или пак донеле некоја странска инвестиција или дали СДСМ мислеле на земјоделците? Нема таков кој ќе ви каже позитивен одговор, бидејќи ВМРО кога е на власт се грижи за народот, за државата за разлика од СДСМ кој се грижат сами за себе.

Тој исто така тој истакна и дека остануваат само уште два дена до големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија.

Најчитани вести