Милошоски: За кризата што ја направи СДСМ ќе го добие заслужениот одговор на 11 декември

ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ градат за секого и помагаат на секого, изјави на митингот во Ресен носителот на на листата на „Коалицијата за подобра Македонија“ во ИЕ5, Антонио Милошоски.

– ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ градат за секого и помагаат на секого. Ние до сега бевме владеачка опција, ќе бидеме и после 11-ти декември, затоа да си помогниме и себеси, сите со пријатели, роднини и комшии да излезиме на гласање, да имаме убедлива победа, да имаме добра позиција и да можеме да си помагаме на сите наши луѓе и после овие избори, истакна Милошоски.

-Зборат за нас дека ова било режим, дека ова било диктатура, дека ова било фашизам, дека ова било автократија, зборат тие кој што кога народот ќе побараше пари за тутун, добиваше пендреци. Народот кога ќе побараше право на одговор, му викаа дека некои прашања не заслужуваат одговор. Народот кој што во Кичево и Струга затоа што сакаа да останат свој на своето ги тепаа со полиција и тие денес зборат за режим и за диктатура, рече носителот на листата во ИЕ5.

-Во Македонија никогаш немало поголема демократија, но проблемот е што платениците на СОРОС ја злоупотребуваат таа демократија за да ја држат државата во заложништво, во грч две години ни одзедоја, две години во работа, за две години ќе направевме уште повеќе ако не ја направеа оваа политичка криза. Некои викаат дека господинот Заев нема ништо направено, некои зборат дека Шеќеринска не направила ништо… Не е точно, Шеќеринска и Заев имаат направено една голема политичка криза на штета на Република Македонија и за тоа што и го направија на Македонија ќе го добијат заслужениот одговор на 11 декември да одат во политичка пензија, рече кандидатот за пратеник и носител на листата на „Коалицијата за подобра Македонија“ во ИЕ5, Антонио Милошоски.