Миловиќ не е генерал Папаја покажа полиграфот

Детекторот за лаги покажа дека началникот Родољуб Миловиќ не е генерал Папаја, кого Шариќ го обвини дека земал 7,4 милиони евра и му го наместил апсењето.

Министерот на полицијата, Небијша Стефановиќ, вчера потврди дека началникот на криминалистичката полиција, Родољуб Миловиќ поминал на полиграфското испитување. Миловиќ сам се пријави да оди на полиграф по сведочењето на Дарко Шариќ против него.

„Резултатите од доброволниот полиграф на кој на Миловиќ му беа поставени повеќе прашања за наводните обвинувања од страна на Шариќ, покажаа дека на одредени прашања кои се поврзани со обвинувањата, Миловиќ не покажал никаква психо-физиолошка реакција која е карактеристична за не кажување на вистината“, изјави Стефановиќ.

Од друга страна пак, по обвинувањата од страна на Шариќ, Миловиќ не се појави во јавноста за да ги демантира тврдењата на наркобосот.

„Папаја го створи земунскиот клан и од нив добиваше пари кои беа земени по киднапирања. Имам докази и еве чекам три месеци некој да дојде и да ме испита“, рече Шариќ.

Радослав Бачевиќ, адвокатот на Шариќ, му предложи на судот од Безбедносно информативната агенција да ги прибави документите за состанокот од 18 април 2010 година која на Златибор се одржал меѓу челниците на српската полиција, врвот на Тужителството за организира криминал и Драган Дудиќ Фриц, кој е убиен тоа лето во Црна Гора.

„Од тој документ ќе видите со кого тој се состанал и кому што му понудил. Сакаме да се престане со медиумското спинување. Кога ќе го прибавите тој документ, повеќе нема да има потреба да се разговара за генералите, Папаја и слично“, рече Бачевиќ.

По оваа изјава реагираше и специјалниот тужител Миљко Радисављевиќ кој нареди да се испита Дарко Шариќ. Ни полицијата не губела време, па веднаш министерот Стефанович наредил да се формира работна група која ќе испита се и ништо нема да сокрие.

„Познато е дека полиграфските испитувања во Србија не се важечки докази за на суд. Во некои земји е, но не и тука. Важно е да се истакне тоа дека лицето кое го врши полиграфското изпитување претходно разговара со оној кој се теситра, поготово за работите за кои тврди дека не ги знае или ги негира. На основа на тоа се утврдува вистинитоста. Имам работено со началникот Миловиќ, него во текот на расветлувањето на случаите на кои работеше секогаш му беа важни полиграфските испитувања“, вели Драгиша Малишиќ, долгогодишен полиграфист.

Заштитениот сведок, Љубиша Буха Чуме, кој тврди дека е повторно активиран земунскиот клан во кој припаѓаат дури и тројца високи функционери. Сепак Чуме не сака да оди на полиграф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.