Милтон Џенингс пристигна во МЗТ Скопје

Американецот Милтон Џенингс е најновата аквизиција на шампионот МЗТ Скопје.

Американецот кој што игра на позициите крилен центар/центар доаѓа на местото на Словенецот Марко Пајиќ кој што ја обнови хроничната повреда на грбот и нема да биде во можност да продолжи со тимот.

Џенингс доаѓа од италијанската екипа Мобит Ферара каде што имаше 12.5 поени и 7,7 скока во просек по натпревар изминатава сезона.

Инаку претходно “металците” потпишаа и со Ненад Зивчевиќ, како и грузискиот кошаркар Георге Цинцадзе.