Минатата 2014-та година, најкрвава за Палестинците

Во ивештајот што беше објавен вчера од страна на палестинскиот Центар за човекови права се констатира дека 2014-тата била најлоша и најкрвава година за ПАлестинците.

Центарот сместен во Гаса известува дека биле убиени 2.280 Палестинци и дека 11.724 биле повредени од страна на израелските сили, посебно за време на војната во Газа, пренесува агенцијата Анадолија.

– 2014-тата беше најтешката, најкрвава, болна и деструктивна за Палестинците, изјави директорот Раџи Соурани.

Според извештајот околу 70 отсто од вкупниот број на убиени лица, или 1.543 лица биле убиени во војната во Газа.

Исто така, се наведува дека израелската армија протерала 3.440 Палестинци, вклучително и повеќе од 495 деца и 49 жени на Западниот брег, како и 210 лица во Газа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.