Минатата година Чешка оствари најголем извоз на оружје во последните 20 години

Според прелиминарните податоци од чешката Асоцијација за одбранбена и безбедносна индустрија (АОБИ), Чешка лани има најголем извоз на оружје од 1994 година, јави MИА.

Лани од извозот биле остварени речиси 480 милиони евра, што е зголемување за повеќе од 55 проценти во споредба со претходната година.

Според првиот човек на Асоцијацијата, Јиржи Хинек резултатите се должат на тоа што периодот на „кризата“ чешките компании за оружје го искористиле за внатрешно преструктуирање, ефектирање и технолошки инвестиции, обезбедувајќи оптимален просек на квалитет, додадена вредност и цени.

Хинек додаде дека најголемиот дел на производството, чешките компании го извезуваат, иако би сакале да бидат успешни и на домашниот пазар и да се вклучат во проектот на НАТО.