Минатата година имало загадување меѓу 145 и 177 денови

загадување

Најмногу загадени денови лани 177 имало во Гази Баба, потоа Лисиче со 161, Центар кај Ректоратот 154, Центар 147 и Карпош 145 денови.

Во текот на ноември, декември и јануари било најзагадено. Според мерењата на мерните станици на Министерството за животно средина се регистрирани концентрации на ПМ10 честичките над дозволеното 27 денови во Гази Баба и кај Ректоратот, 24 во Лисиче и 22 дена во Центар и Карпош. Во декември загадувањето било големо кај Ректоратот 29 денови, Лисиче 28, Гази Баба 27 и во Центар и Карпош 26. Во јануари, исто така, загадување имало 28 денови во Лисиче, 27 во Центар и Гази Баба, 26 кај Ректорат и 25 во Карпош.

Во октомври бројот на денови со загаден воздух кој го дишеле скопјани изнесувал 16 во Карпош, 15 во Центар и кај Ректорат, 14 во Гази Баба и 9 во Лисиче. Во септември 14 денови биле загадени  во Карпош, 11 во Центар и Лисиче, 10 во Ректорат.

Во август загадување имало по девет денови во Гази Баба и Лисиче, пет кај Ректорат, 3 во кКрпош и 2 во Центар.

Загдување не е забележано во текот на јули минатата година и мај кога концентрациите биле надминати само еден ден во Центар.

Во јуни имало загадување 10 дена во Гази Баба, пет кај Ректоратот, 4 во Центар и 1 во Карпош. Во март имало 18 дена загадување во Гази Баба, 12 во Лисиче, 10 во Ректорат, седум во Центар и 4 во Карпош. Во април во Центар е регистрирано загадување 10 дена, кај Ректорат 6, Карпош 4, и во Лисиче 3. Во февруари било загадено 22 дена во Лисиче, 21 во Гази Баба, 20 во Центар, кај Ректорат 19 и 18 во Карпош.

Загадување на воздухот има и во текот на првиот месец од годинава. Надминувања се регистрирани во над 20 денови од јануари.

Утрово концентрациите во скопските општини се движат од 197,49 во Карпош, 162,79 во Центар, 148,18 кај Ректорат, 101,57 во Миладиновци, Лисиче 97,99 и 96,88 во Гази Баба.

Дозволени концентрации на ПМ10 честички на метар кубен се 50 микрограми.