Велосипедите и автомобилите се измислени во Германија, па затоа европската љубов кон овие две превозни средства има долга историја.
Минатата година, продажбата на велосипедите ја надмина продажбата на автомобили во 23 од 27 земји, членки на Европската Унија.
Нови регистрации на автомобилите не биле доволени на Кипар и Малта. Во Италија, продажбата на велосипеди од автомобили била за прв пат поголема од Втората светска војна, а во историјата на Шпанија за прв пат се случува да бидат продадени повеќе велосипеди од автомобили.
Продажбата на автомобили била на најниско ниво во последниве 20 години, во првата половина на 2013 година.
Продажбата на велосипеди била најочигледна во Романија каде соодносот е 5:1, односно 380.000 велосипеди на 72.000 автомобили. Најмногу продадени велосипеди имало во Германија, односно 3.966.000, а додека пак автомобили биле продадени само 3.083.000.
Многу европски влади го промовираа возењето на велосипед како алтернативен превози и за него ја изградија потребната инфраструктура.