Македонија

Минатата недела 32 лица заболеле од грип

Минатата недела 32 лица заболеле од грип

Во текот на последнава недела во земјава се пријавени 32 лица заболени од грип и заболувања слични на грип.

Во сезоната 2013/2014, заклучно со 20. недела во 2014, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 29.074. Во оваа сезона вкупниот број на починати лица изнесува 12.

Најголем број заболени имало во Скопје – 4.145 и во Прилеп – 3.989.
Во однос на возрасните групи, најголем број заболени се регистрирани во возрасната група од 15 до 64 години – 65,2 отсто.