Минатата недела УЈП затворила 101 објект

Управата за јавни приходи, во минатонеделната контрола извршена врз 665 објекти на територијата на цела Република Македонија, утврдила дека постојат нерегуларности при работењето во 101 објект. Неправилностите се откриени во делот на готовинскиот промет.

Фирмите и покрај тоа што ќе бидат затворени, на доначните обврзници им е изречена и парична глоба.

Најголем број од затворените објекти се во Скопје, 35, потоа 20 во Битола, шест објекти во Струмица, пет во Гостивар, а останатите се во други општини.

УЈП апелира до фирмите редовно да издаваат фискални сметки на своите потрошувачи.