Минатиот месец во странство на доедукација заминале 97 доктори

Минатиот месец на едукација во странство се заминати 97 здравствени работници.

Напредна фетална ехокардиографија, трихоскопија – ехо на коса, интервентна кардиологија, ендоброхеална ултрасонографија се само дел од областите во кое лекарите го усовршуваат нивното знаење, пренесува порталот Здравство24.

Ова се дел од реномираните медицински центри каде ги учат новите методи:

– АКН, Виена, Австрија
– Groupe Hospitalier Paris Saint-Joseph, Париз, Франција
– Клинички центар Тулуз, Франција
– Policlinico А. Gemmeli, Рим, Италија
– Great Ormond Street Hospital for Children, Лондон
– Charite Berlin, Германија
– Клиничка болница Нинберг, Германија
– Motol University Hospital, Прага, Чешка

Обуки има и во Турција, Србија, Словенија. Според планот на Министерството за здравство, 90 здравствени работници ќе одат на обука во февруари, а до крајот на годината таа бројка треба да достигне 1000.

Осумстотини од нив се лекари. Минатата година на едукации во странство беа 514.

Министерот Тодоров вели дека има позитивен бенефит нивното доусовршување во медицински центри надвор од земјата.

За конкретно да добијат сознанија која метода е најдобро научена, Министерството формирало комисија од еминентни професори и академици кои треба да направат евалуација на обуките во странство и колку тие се покажале како ефикасни во здравствените установи. Сите трошоци за едукациите на здравствените работници е на товар на министерството. Лани потрошиле околу еден милион евра за таа намена. Годинава очекуваат многу поголеми трошоци, објави порталот специјализиран за здравство.