Минесота прогласи вонредна состојба: Повеќе од 7, 3 милиони птици угинаа од птичји грип

Сојузната држава во САД Минесота прогласи вонредна состојба во четвртокот поради брзото ширење на вирусот на птичји грип, поради што угинале повеќе од 7, 3 милиони птици во земјата, јавува Ројтерс.

Вирусот  H5N2 бил пронајден на 46 фарми во Минесота во 16 окрузи, а заразени се повеќе од 2, 6 милиони птици во земјата.

Државните здравствени власти велат дека во моментов се издаваат рецепти за лекот Тамифлу за работниците на фармите кои биле во директен контакт со заболената живина. Засега не се пријавени случаи на заболени лица.

– Нема причини никој во државата да биде загрижен за сопственото здравје, вели гувернерот Марк Дејтон на пресконференцијата по прогласувањето на вонредната состојба.

фото: Ројтерс