Минесота со најмногу среќа во лотаријата за НБА драфтот

Минесота Тимбервулвс излезе како победник од синоќешната лотарија за избор на местата што екипите ќе ги имаат на новиот НБА-драфт. Тимот од Минесота имаше очајна ланска сезона во која претрпе дури 66 порази, поради што “волците” влегоа во лотаријата со 25% шанси да го имаат првиот избор на новиот драфт, што ќе се одржи на 25 јуни.

Лотаријата им одеше во прилог, па така Минесота за првпат во клупската историја ќе може прва да бира на еден НБА-драфт. Воедно, овој клуб ќе може да ги обедини двајцата најталентирани играчи во две последователни години, со оглед на фактот дека Минесота во своите редови веќе го има ланскиот прв пик Вигинс, кој дојде во тимот во размената што го врати Леброн Џејмс во Кливленд.

Првичните прогнози се дека изборот на Минесота ќе биде меѓу Карл Ентони Таунс од Кентарки, Џејхил Окафор од Дјук и Данџел Расел од Охајо стејт.

Веднаш зад “волците” на следниот драфт ќе бира ЛА лејкерс, по кого ќе следат Филаделфија, Њујорк, Орландо, Сакраменто, Денвер, Детроит, Шарлот и Мајами.

Извор: Екипа.мк