Свет

Минхен полн до врв: Градот прими над 12.000 бегалци во еден ден

Минхен полн до врв: Градот прими над 12.000 бегалци во еден ден

Минхен полн до врв. Во саботата во овој град на југот Германија пристигнале над 12.000 бегалци, а се очекува и во текот на денешниот ден да пристигнат поголем број лица, кои бегајќи од војната во нивните земји, надежта за подобро утре ја наоѓаат токму во Германија.

Локалната полиција предупредува дека Минхен речиси целосно ги исцрпе своите капацитети за прифат на бегалците, кои масовно пристигнуваат во Германија.

Во саботата ни пристигнаа вкупно 12.200 бегалци, а и денеска ги очекуваме во голем број. Имајќи ги во предвид вчерашните бројки, многу е јасно дека сме дојдени до самите граници на нашите капацитети, изјави портпаролот на полицијата, Симон Хегенвалд, пренесе Танјуг.

Минхен полн до врв: Градот прими над 12.000 бегалци во еден ден
<strong>Минхен полн до врв</strong>: Градот прими над 12.000 бегалци во еден ден

Хегенвалд додава дека на главната железничка станица во Минхен утринава веќе пристигнале повеќе од 700 лица, а полицијата засега не сака да изнесува проценки за тоа уште колку можат да пристигнат до крајот на денот.

Инаку иако Минхен е полн до врв, градските власти поставуваат шатори за сместување на бегалците, но предупредуваат дека нивните капацитети за прифат на луѓе кои, преку Австрија, пристигнуваат од Унгарија се речиси целосно исцрпени.

Покрај тоа, властите на баварската престолнина ги повикаа другите делови од Германија да им помогнат и да примат повеќе бегалци.

Планираме денеска да организираме три специјална железнички композиции со кои бегалците ќе бидат префрлени во другите германски градови, рече Хегенвалд.

 

Во текот на вчерашниот ден се појавија информации дека поради исполнетоста на капацитетите дел од германските градови, бегалците ги сместуваат во концентрациони логори. Повеќе за ова на следниот линк.