11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Минхен преплавен од 15.000 бегалци

Околу 15.000 бегалци, од кои најголем дел од Сирија, пристигнале во германскиот град Минхен, викендов јави новинската агенција ДПА, пренесува Нетпрес.

Тие пристигнале со возови од Австрија и веднаш биле распоредени во бегалски центри низ Германија. Железниците на Австрија и на Германија го зголемиле капацитетот на возови за да биде непречен протокот на мигранти. Само изминатава ноќ, пак, во Германија пристигнале над 2.000 бегалци.

Германските власти, по преговорите со опозицијата, одлучиле да овојат од буџетот шест милијарди евра наменети за бегалците.

Христијанско социјалниот сојуз (ХСС), малиот баварски партнер во конзервативниот блок ХДС/ХСС, побарал канцеларот Ангела Меркел јасно да изјави дека и други европски земји треба да го поделат товарот со прифаќање бегалци.

бегалци2

– Федералната република не може сама да ги прифати сите бегалци. Европската унија има 28 земји членки.

Напливот на бегалци може да ја поткопа општествената поткрепа за либералната политика на владата за давање прибежиште на бегалците.

Нема општество кое е во состојба да се справи само со тоа, изјавил лидерот на ХСС, Хорст Зеехофер.

Во унгарскиот главен град, Будимпешта, има околу 1.000 новопристигнати бегалци, кои чекаат одобрение да заминат за Австрија, а уште неколку стотици одат пеш кон границата.

Најголем дел од бегалците влегуваат во Унгарија преку Србија.