Минијатурни куќи за богатите деца кои чинат и до 20.000 долари (ФОТО+ВИДЕО)

Градежна компанија од Пенсилванија, гради куќи  за децата на супер-богатите семејства – со  надеж дека на децата им дава „свое место за растење“.

Постојат околу 30 варијации на домовите за игра „Лилипут“, од кои некои чинат и 20.000 долари.

Во прецизно изградените домови може да се живее, опремени се со мебел, осветлување, климатизација, па дури и прибор за јадење во кујната.

1

2

Влезните врати се високи, а собите се украсени со теписи, подни облоги и завеси.

По желба на клиентите можат да додадат и лулашки, лизгалки, тунели, пикник маси и цвеќиња во градина.

Основачот на „Лилипут“, Стивен Черники, вели дека компанијата е создадена откако тој и неговата сопруга биле во потрага за куќа игра за нивната ќерка, но не можеле да најдат доволно добар производ.

3

6

7

8

9

10

11

12

13

За својата ќерка Алиса пред повеќе од 20 години, тој го создал првиот  викторијански замок,  а подоцна се создадени и „Лилипут“ – куќите за игра.