Минимален пораз на Антиќ и Атланта

Поранешниот македонски репрезентативец Перо Антиќ одигра 14 минути и постигна 8 поени во поразот на неговиот тим Атланта во дуелот со Чикаго.

“Јастребите” играа одлично во првите три четвртини, но во последниот период нивото на играта максимално им падна, губејќи со 38:18, што пак резултираше со минимален пораз од 85:84.

Најефикасен кај Атланта беше Мајк Скот со 15 поени, додека во победничкиот табор Џими Батлер постигна 29 поени.