Минималната дневница во Германија е 68 евра

Во Германија денеска на сила стапува правилото за минималната плата со која таа ќе биде зголемена за 9,5 отсто од вкупниот број на вработени. Од денеска, тие ќе примаат најмалку 8,5 евра од час, што одговара на бруто заработката од 1.473 евра за полно работно време.

Според проценката на Министерството за труд на Германија, по воведување на ова правило, 3,7 милиони вработени ќе имаат поголеми примања од први јануари 2015 година.

Германската влада во април минатата година го одобри предлогот минималната сатница за работа да не смее да биде помала од 8,5 евра на час. Според некои студии, повеќе од една десетина од работниците во западниот дел на Германија заработуваат помалку од 8,5 евра на час. Во источниот дел четвртина од работниците заработуваат помалку од предложениот минимум.

Германија досега немаше законски загарантрана миминална плата.