Минимални корекции на цените на горивата

За половина денар поскапува дизелот од 98 октани и ќе се продава за 64 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство, пак, поевтинува за половина денар и новата цена изнесува 36,5 денари. Минимално поевтинува и мазуот.

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на горивата коишто ќе важат од полноќ. Има минимална корекција. Малопродажните цени на бензинот од 95 октани и на дизелот на се менуваат и остануваат 62 и 48 денари.

За половина денар поскапува дизелот од 98 октани и ќе се продава за 64 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство, пак, поевтинува за половина денар и новата цена изнесува 36,5 денари. Минимално поевтинува и мазутот.

Во просек, цените се намалуваат за 0,25 проценти. Во изминативе две недели, суровата нафта на светските берзи поскапе, а курсот на денарот во однос на доларот бeше понизок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.