Минисијан барал од полицајците да го убијат

„Убиј ме“ викал Алек Минасијан (25) на полицајците кои го апселе по масакрот во Торонто, во кој убиецот вчера прегази поголема група на пешаци и усмрти најмалку десет, а повреди 16 лица, велат од полицијата. Минисијан возел изнајмено бело комби со кое намерно се качил на тротоарот и почнл да ги гази минувачите.

Според заменик шефот на полицијата, Питер Јуен, не се познати мотивите за нападот.

Тој потврди дека убиецот немал пиштол, иако првично се заканил на полицајците дека ќе пука, но тие успеале да го совладаат без да пукаат, за што бил пофален полицаецот кој го уапсил.

Минисијан нема претходно досије во полицијата како извршител на кривични дела, а според првичните информации на надлежните служби, не бил поврзан ниту со некоја теористичка организација.

Минисијан денеска треба да биде изведен пред суд каде треба да даде исказ, а проив него ќе биде подигнато обвинение. За сега се знае дека тој одел на училиште за ученици со посебни потреби.

Тој не беше социјална личност, но како што се сеќавам, беше сосема безопасен, рекла Серин Шам, негова поранешна колшека од Одделението за лицата со посебни потреби во средно училиште „Торнлиа“.

Неговиот друг колега, кој одел на некои часови со Минисијан, Ери Блаф, го опиша убиецот како осамен човек.

Никогаш не сум го видел со пријатели, мислам дека не беше премногу социјален тип, обично го гледав сам во ходниците или во кантина, рече Блаф.

Сепак, истражувачите вклучени во нападот со комбито истражуваат дека тероризмот е можен мотив, како и дека не постои причина да се верува дека нападот е случаен.

Од друга страна, канадскиот министер за безбедност, Ралф Гудејл истакна дека е рано да се каже што е причина за нападот, но дека нема врска со прашањето за националната сигурност.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.