Даунинг стрит именуваше министер за бегалци

Даунинг стрит именуваше министер за бегалци. Овој министер ќе се занимава со 20.000 сириски бегалци, колку што прифати Лондон да прими од камповите во земјите што се граничат со Сирија, пренесува Танјуг.

Кралицата Елизабета беше задоволна да го одобри именувањето на парламентарецот Ричард Харингтон за парламентарен државен потсекретар во Одделението за заедници и локална самоуправа и Одделението за меѓународен развој при Министерството за внатрешни работи, се наведува во соопштението на Даунинг стрит.

Даунинг стрит именуваше министер за бегалци
Даунинг стрит именуваше министер за бегалци

Харингтон ќе биде одговорен за координација и ангажирање на преселбата на 20.000 сириски бегалци во Велика Британија, со координација и пружање поддршка од страна на владата за сириските бегалци во регионот.

Парламентарниот државен потсекретар е најниско од трите нивоа министри во Владата на Велика Британија, каде се набројуваат и британските министри и британските државни секретари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.