Министерот за надворешни работи на БиХ во Македонија

Министерот за надворешни работи на БиХ, Игор Црнадак денеска ќе престојува во официјална посета на Република Македонија на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

Во рамките на посетата, министерот Црнадак ќе биде примен од претседател на Република Македонија Ѓорге Иванов, а ќе оствари средба и со премиерот Никола Груевски.

За денес е закажана и пленарна седница во Министерството за надворешни работи на која се очекува министрите за надворешни работи на двете земји да разменат мислења за досегашното ниво на билатерални односи и соработка, како и предлози и иницијативи за нејзино проширување во сите области од заемен интерес.

Се очекува, соговорниците да разменат мислења и за напливот на мигранти од Блискиот Исток во регионот, а ќе се разговара и за соработката во рамките на регионалните иницијативи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.