Свет

ВИДЕО: Министер доби вибратор во лице

ВИДЕО: Министер доби вибратор во лице

Масовните протести во Оукленд во Нов Зеланд не поминаа без хумор и скандали. Министерот за економски развој Стивен Џојс на крајот беше удрен со вибратор во лице, пишува „Раша Тудеј“.

Жената го фрли вибраторот додека Јојс даваше изјава за медиумите пред Скај сити Казиното во Оукленд.

Илјадници демонстранти се собраа да маршираат против спогодбата за Транс – Пацифичко партнерство.

Додека извикуваше „тоа е затоа што ја силувате нашата земја“ жената фрли голем розов гумен вибратор и му го фрли на Џојс во лице, по што обезбедувањето веднаш презема одговорност за неа.