Министер за безбедност во Босна: Не знаев што се случува

Министерот за безбедност на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фахрудин Радончиќ, тврди дека во текот на демонстрациите во повеќе градови во Федерацијата, не располагал со ниту една релевантна информација.

„Дури и овие денови во многу драматични случувања не добивам ниту еден оперативен податок, од било која наша агенција за спроведување на законите, полицијата или разузваначките служби, ниту тие по законот се задолжени“, прецизира тој.

Федерацијата веќе неколку дена ја тресат демонстрации на кои што луѓето го изразуваат своето незадоволство поради условите во кои што живеат.