понеделник, 28 ноември 2016  |  Вести денес: 41

Министерката Арсовска-Томовска ја отвори работилницата „DIGIT 2016“

Министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска денеска ја отвори третата работилница DIGIT 2016 на тема: „Digit Web – Community Websites“. Организатор е Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство - ФИНКИ.

финки

Поврзани вести

На претходните работилници се диксутирало за 3Д моделирање и графички дизајн, а на годинашниов DIGIT ќе се изработуваат Community WEB страни.

Како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, Арсовска Томовска истакнала дека ги поддржува ваквите настани, организирани од студентите и нивните здруженија затоа што тие обезбедуваат надградба и апликативна примена на нивните знаења, директна комуникација со нивните идни работодавачи и развој на деловна култура и претприемачки дух.

Продеканот на ФИНКИ за наука и соработка Боро Јакимовски им порачал на студентите дека треба да ја искористат оваа можност за да научат многу повеќе и тоа надвор од училишните клупи и да бидат во тек со новите технологии, а во исто време да развијат тимски и натпреварувачки дух. 

Работилницата почна денеска и ќе трае пет дена, а обучувачи ќе бидат професори од ФИНКИ и експерти од ИТ-компаниите. Ќе учествуваат 33 студенти од техничкиот кампус, со акцент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. Студентите стекнатите знаења и вештини од формалното образование ќе ги надградат и применат во развој на веб страни, од кои најиновативните и најкреативните ќе бидат наградени.

Најчитани вести