Македонија

Министерот Адеми се сретна со Луиза Винтон

Министерот Адеми се сретна со Луиза Винтон

Министерот за обрзование и наука,  Абдилаќим Адеми оствари средба со постојаниот координатор на Обединетите Нации и преставник на УНДП и УНФПА во Република Македонија,  Луиза Винтон.

На средбата беше потенцирана досегашната соработка на Република Македонија со агенциите на Обединетите Нации во областа на образованието, со осврт на повеќе проекти од взаемен интерес, меѓу кои и тековниот проект за образование и обука на лица кои издржуваат казни во Казнено поправните установи во земјата.

Тема на разговор беше и подготовката на Стратегијата на делување и развојна поддршка на Обединетите Нации во Република Македонија со важност до 2020 година, за што, министерот Адеми потврди учество во дефинирањето на приоритетите во сферата на образованието, но и активен придонес кон глобалните процеси врзани за милениумските развојни цели  содржани во агендата на Обединетите Нации.