Министерот Бектеши се сретна со албанскиот амбасадор Фатос Река

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска беше домаќин на работната средба со амбасадорот на Албанија во Република Македонија, Фатос Река.

Министерот Бектеши ја пофали одличната соработка меѓу двете земји во сите области, особено економската соработка.

Двајцата соговорници се согласија за продлабочување на меѓусебната соработка преку поголема трговска размена, зголемување на бројот на туристи во двете земји и поттикнување на инвестициите кај бизнис секторот во различни капацитети во Македонија и Албанија.

Една од темите за која се дискутираше на средбата беше Проектот за изградба на далноводот Битола-Елбасан, кој се очекува да ја стабилизира и зајакне дистрибутивната мрежа за електрична енергија.

Албанскиот амбасадор Фатос Река упати покана до министерот Бектеши да оствари официјална посета на Република Албанија.