Министерот Цветков ќе ја промовира Македонија во Кина

кина

Цветков ќе го отвори Македонскиот национален павиљон во Шангајската безцаринска зона во кој постојано ќе бидат изложени производи на околу 20 компании од земјоделско-прехранбениот сектор од Република Македонија.

Како што соопшти МЗШВ, врз основа на претходно потпишаниот Договор, државната компанија  Директ Импортед Гоодс, која управува со зоната, треба да ги промовира македонските земјоделски и прехранбени производи кои на овој начин ќе станат подостапни до потрошувачите од големиот кинески пазар.

Изложувањето на производите на македонскиот павилјон, на кој ќе бидат најзастапени виното, преработките од овошје и зеленчук, органските и други производи, е договорено со кинеската страна да биде бесплатно за домашните компании. Павилјонот ќе биде и простор кој ќе овозможи размена на информации за можностите за инвестирање, туризмот и културната размена меѓу Македонија и Шангај, односно Народна Република Кина.

Во вториот дел од посетата, односно на 5 ноември во Кунминг, министерот Цветков ќе присуствува на министерскиот форум за трговска и економска соработка во земјоделството меѓу земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина.

На форумот, на кој ќе се дискутираат можностите и начините за подобрување на економската соработка со Кина во делот на земјоделството, ќе се одржат состаноци со кинескиот министер за земјоделство, а предвидени се и средби со полскиот, чешкиот и уште неколку министри од регионот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.