Македонија

Министерот Цветков на средба со земјоделците во Крупиште и Градско

Министерот Цветков на средба со земјоделците во Крупиште и Градско

Тема на денешната средба во село Крупиште на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков со земјоделци и градоначалникот на Карбинци, Зоран Минов ќе биде состојба на оштетените оризови површини од поплавите и мерките за навремено почнување на сеидбата на оризот.

На средбата ќе присуствува и директорот на Водостопанство „Брегалница“, Зоран Беличев.

Министерот Цветков ќе ја посети и свињарската фарма „Агрија“ во Градско, каде што заедно со претседателот на Асоцијацијата на земјоделци, Ефтим Шаклев ќе разговараат за состојбите во сточарството.