Министерот Ивановски на конференција во Јужна Кореја

На Генералната конференција на Меѓународната Телекомуникациска Унија (ITU Plenipotentiary Conference 2014), која се одржува во градот Бусан во Јужна Кореја, ќе учествува Министерот информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

За време на конференцијата, Ивановски ќе се обрати на панел сесијата за ИКТ политики за младите лидери, а предвидена е и средба со Хуанг Чанг Гиу, претседател и извршен директор на Кореја Телеком.

За време на учеството на конференцијата, министерот Ивановски ќе оствари и билатерални средби со истакнати претставници на меѓународниот ИТ сектор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.