Македонија

Министерот Ивановски на состанок на IACNN во Лондон

Министерот Ивановски на состанок на IACNN во Лондон

Министерот за информатичко општетво и администрација Иво Ивановски, вчера учествуваше на состанокот на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (IACNN), која се одржа во рамките на Владиниот состанок на високо ниво во Лондон, Велика Британија.

На состанокот присуствуваа високи Владини претставници од сите контиенти во светот при што на присутните меѓу другите им се обратија Стив Крокер, директор на Одборот на ICANN и Фади Шехаде, претседател и актуелен извршен директор на ICANN, а меѓу темите на кои се осврнаа е и најновиот напредок поврзан со стратегијата за глобализација на Интернет корпорацијата.

Последен пат ваква средба се одржа во 2012 година во Торонто, на која учесниците имаа можност да разменат мислења од заеднички интерес. Вчерашниот состанок беше насочен кон продолжувањ на тој процес и зајакнување на дијалогот.

Посетата на Министерот Ивановски беше остварена на покана на Ед Вејзи, Британски Министер за култура, комуникации и креативна индустрија.