Министерот Изаири ги посети децата кои летуваат на Пелистер

Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири, денеска ги посети децата кои се на климатска рехабилитација во Детското одмаралиште на Пелистер.

Министерството за животна средина и просторно планирање веќе тринаесетта години по ред, финансиски ја подржува активноста на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес за обезбедување на климатска рехабилитација на деца кои боледуваат од болести на респираторниот систем, анемии, алергии и слично како последица на енормното индустриско загадување.

Активноста е во согласност со Програмата на Министерството и е во правец на отстранување на последиците од историското загадување. Првите години ова беше привилегија на децата од Велес, но последниве години, активноста се прошири и се вклучија и деца кои живаат во село Осломеј, кавадаречкото село Возарце и село Миладиновци во непосредна близина на индустриските капацитети ОКТА, ОСЛОМЕЈ и ФЕНИ.

3-1

Министерството ги покрива финансиските трошкови за еднонеделен престој на 240 деца и уште 22 помошен персонал, а оваа година е обезбедена дополнителна смена за 100 деца од Велес и 40 од селото Возарци, Кавадаречко.

Инаку, кај децата со респираторни проблеми кои престојувале на Пелистер лекарите утврдиле дека здравјето во многу им се подобрило и не им била потребна терапија шест месеци по враќање од планина.